Скопје денеска и утре ќе протестира!!!

Недела (17 мај) и понеделник (18 мај) во Скопје се закажани 2 масовни протести.

Денеска, „Граѓаните за Македонија“ заедно со опозициските партии организират граѓански протест пред Владата. На протестот кој ќе почне во 14 часот ќе се побара оставка на Владата и формирање преодна Влада.

доаѓаме

Организаторите, како што изјавија, не очекуваат дека биде затворен пристапот до Владата бидејќи настанот однапред е најавен.

Според организаторите,граѓаните што ќе дојдат од другите градови, во Скопје ќе пристигнат околу 12 часот и потоа од Скопскиот саем и по булеварот Партизнаски одреди, пеш ќе дојдат до Владата. Централната бина ќе биде поставена кај кафеаната „Кригла“, од каде што на почетокот на настанот ќе имаат свои обраќања лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и европските пратеници кои се гости на настанот. Оваа програма ќе трае околу два часа, а потоа на неколку пункта ќе има организирани различни други настани. Ќе бидат поставени и шатори во кои ќе престојуваат демонстрантите.

За утре пак, од 20 часот е закажан големиот народен собир „Македонија Силна“.

ВМРО-ДПМНЕ објави дека заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија.

за силна македонија

Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин. Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците на Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отварање на нови работни места, граѓаните на Македонија ќе покажат дека се борат за новите фабрики и автопати. Граѓаните на Македонија ќе излезат за да дадат поддршка на безбедносните сили, за зачувување на државните приоритети и интереси. Граѓаните на Македонија ќе се борат за земјоделците, младите, пензионерите, работниците и сите други, изјавија од владејачката партија.

Коментари

Популарно