ВИДЕО: Уште едно чудо во Лесновскиот манастир

Шестгодишно девојче прозборело, а пред само еден месец девојче од Кочани цврсто застанало на нозе, откако заедно со своите родители го посетиле Лесновскиот манастир. Ова се само дел од приказните кои низ цела Европа се прераскажуваат за силата и моќта кои ја имаат македонските манастири, јавува Ирис.мк.

Лесновски_манастир_02

Месното население кое живее во близина на Лесновскиот манастир раскажува дека организирани туристички групи доаѓаат од целиот Балкан и Европа.

Лесново се смета за големо духовно светилиште од каде се ширела словенската писменост, а до 40-те години на 19 век овде се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот. Пред самиот влез на селото, карпестиот рид полн со пештери, каде се вадел воденичарскиот камен, а се молеле и испосниците го плени погледот на секој посетител.

Видео прилогот на Ирис.мк погледнете ТУКА.

Коментари

Популарно