Бугарија нуди војска и азил помош на Македонија и Македонците?!

По неколкуте контроверзн изјави на бугарскиот премиер Борисов, бугарскиот економист Павле Валчев кој живее и работи во Москва, ги повикува балканските народи на мобилизација во отпор против САД, која сака во целост да го покори полуостровот. Развојот на ситуацијата во Македонија добро покажува како револуциите ги создаде надворешните сили, а македонските медиуми ги објавиле ствовите на економистот и аналитичар Павле Валчев.

Makedonij-Bugarska-620x350

Тој нагласува дека се користени истите методи како во Југославија така и на Блискиот исток. Организираните протести против власта се израз од социјално-економските незадоволства, а тоа оди во прилог на политичка или било која друга подршка од страна на меѓународните невладини организации. Целата им е во медиумите да прикажат дека цела Македонија сака да се приклучи кон ЕУ.

“Браќа Македонци, ние Бугарите знаеме дека вашата борба за слобода е борба за слобода на Бугарија и Балканскиот полуостров. Во ова тешко време за вас ние Бугарите сакаме да ја изразиме својата солидарност со вас. Ние сме спремни да ви помогнеме колку е тоа во наша моќ“, рекол во своето обраќање.

Тој навел дека во Бугарија има околу 400 луѓе а “пријателите од Србија околу 300“, кои би ги пратиле да ја штитат територијата од државен удар и хаосот организиран од страна на САД. Доколку конфликите се продлабочат, тој нагласил дека неговиот народ ќе ги прими во своите домови македонските граѓани.

Коментари

Популарно