Сончево и потопло време, но...

sunnyday23783306743800_0Денеска е сабота, 30 мај, 150-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 215 дена.

Денот трае 14 часа и 58 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и две минути, а заоѓа во 20 часот.

Месечината ќе зајде три часот и 10 минути, а повторно ќе изгрее во 16 часот и 46 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло. Преку денот ќе дува слаб, а наместа умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и малку потопло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

За време на викендот се очекува претежно стабилно, суво и потопло време. Сепак, во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а од средината на наредната недела ќе продолжи затоплувањето, но во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд со грмежи.

Коментари

Популарно