Убиено семејство - тројца мртви, еден се бори за живот

Во Албанија во текот на доцните вечерни часови во петокот, во селото Тумане кај Круја убиени се три членови на едно семејство додека едно лице од истото семејство се бори за живот.

tocka-161599

Според полицијата станува збор за организирано убиство на Фран Цеку, потоа неговиот син Арбен Цеку, како и нивниот внук Ерне Рама. Тешко е ранета соругата на Фран, Луција Цеку. Албанското МВР информираше дека познати се сторителите на тројното убиство, и дека тие се во бегство. Над 200 полицајци во саботата започнаа потрага по убијците, додека се шпекулира дека до овој трагичен настан дошло по една вербална расправија на тројца жители на селото со член на семејството Цеку.

Коментари

Популарно