Касандра се враќа на Телевизија!!!

Серијата која ја покори Македонија, „Касандра“ повторно на малите екрани. Касандра, Ранду, Луис Давид и сите останати, се враќаат на малите екрани во премиерни термини од 15 часот и од 21:30 часот, како и во репризни изданија од 11 часот и од 12:30 часот.

Kasandra

Забранета љубов, длабока омраза, обвиненија, бројни местенки, но сепак со среќен крај, серијата стана формула според која биле снимани сите останати серии од 1992 година, кога „Касандра“ според романот на Делија Фиаљо, во режија на Гарсија де Алхел и Олехарио Бареро, била снимена од страна на продукциската куќа ЕКТВ од Венецуела.

„Касандра“ влезе во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван ТВ производ на шпански јазик, а беше прикажана во 182 земји.

Серијата постигна успех во целиот свет, а еден од најголемите успеси ги бележи во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Русија.

Актерите Кораима Торес и Хенри Сото ја посетија Македонија по завршувањето на серијата.

Оваа теленовела повторно од вечерва ќе започне да се прикажува на „Моја телевизија“.

Коментари

Популарно