Нова летна шема во Преспа - „White Sensation Beach Festival“

Бела сензација - фестивал на плажа е новата летна шема оваа сезона на Преспанското езеро. 

11402763_1588503368090323_8885850277781738100_n

Се ближи летната сезона, а со неа доаѓа и еден од најзабавните летни фетивали, кој ветува целовечерно журкање на брегот во Преспа.

Организаторите на White Sensation Beach Festival најавуваат голема забава на плажа крај езерската вода, а истата ќе вклучува спектакуларен стејџ, ноќно капење, UV и White Sensation ефекти.

Вие само треба да понесете бела облека и желба да се забавувате до утринските часови.

Фестивалот ќе се одржува за прв пат летово во Преспа, на 25 јули во сабота.

Повеќе детали можете да следите на нивната „Фејсбук“ страна.

Испратено од Филип

Коментари

Популарно