Македонија: Сонот кој се претвори во кошмар

Македонија е библиска земја, со богата историја и традиција кои датираат уште пред Исус да се симне на земјата. Македонците, иако оспорувани, поробувани, протерувани, сеуште имаме мало парче земја кое можеме да го наречеме дом. Токму за тоа парче татковина се бореле и животот го дале генерации и генерации наши предци. Македонија слободна и независна била сон со векови. Ние денеска го живееме сонот! Сонот кој пополека се претвара во кошмар.

istorisko-da-za-nezavisnost-ja-nosi-makedonija-napred-168935

Речиси 24 години имаме независна држава. Иако претходно 50тина години бевме република во федератвивна Југославија, ние датумот на раѓање го славиме на 08.09.1991 година. Ова не е прв пат Македонија да е самостојна држава, но некој реши да се празнува 8ми Септември. Денот на кој 95% од населението на денешна Македонија излезе на референдум и гласаше за самостојна држава и ја доби.

Бев мал, сеуште во основно, но се сеќавам колку горди беа големите. По речиси 900 години ропство, токму тие повтроно се разбудија во неазвисна Македонија. Македонецот повтроно се врати во светот на народите. Застана исправен пред сите, без обврска да му одговра на никому.Белград, Софија, Солун, Анкара... немаа повеќе власт над ова мало, но наше парче земја. Барем така ни рекоа. Тој беше планот.

24 години подоцна, вистината е сосема поинаква. Гордоста одамна замина, а на нејзино место се всели немоќта, стравот, срамот. Победата која ја прославивме е далечно минато, а назависноста само фраза. Многу пати низ историјата Македонија била под окупација, но никогаш никој не успаеал да не асимилира и да ни го убие идентиетот. Не мачеле, ограбувале, ни ги земале децата, но македонскиот идентитет никогаш не бил доведен во прашање. Се досега.

За 24 години се откажавме од знамето, прифативме смешно име, се откажавме од Македонците и македонскот малцинство во соседните држави, потпишавме дека не сме државотворен народ, направивме срамна територијална органиација, преговараме за конечна промена на името... и одозгора тврдиме дека сме назависни! 24 години Македонија е на пат кон ЕУ и НАТО како единствен избор за нашата држава, па под таа теза даваме се што ќе ни побараат. 24 години на никого не му текна да праша што ние добивме? Дадовме речиси се за што гинеа генерации Македноци, а што добивме? Која е нашата добивка? Каде е ќарот?

Но, не е тоа најстрашното. Не е ни блиску до тоа. Името, знамето, малцинството се враќаат, Струга и Кичево се менуваат.... одлуките се поништуваат, потписите се бришат. Најстрашното е она што не го ни забележавме, а се случи. Она кон што се стремиме, а не брише како народ. Ја брише и трагата која некогаш сме ја оставиле. Не бевме спремни за оваа игра и многу невино влеговме во неа, па како сите пред нас изгоревме уште во првиот напад. Станавме дел од глобалното село во кое ветувањето за подобро утре е единственото оружје и награда која ќе ја добиеме за се што некогаш сме имале и сме го чувале со генерации. Во глобалното село нема различни, нема историја, нема традиција. Се што некогаш било е сега неважно. Важно е сите да бидеме исти и осамени, без вредности и идеали. Само материја и ветување за среќа. Глобаизавијата не ги брише само границите меѓу државите, туку и различните вредносни норми меѓу народите. Затоа не и одговараа затворени општества, па не бираше начин да ги заземе. Од СССР, преку СФРЈ.... до Либија и Египет. Растурија, освоија, уништија...

Речиси 24 години по „славниот“ 8ми Септември повеќето Македонци сеуште веруваат дека ова е единствениот пат, но нивниот број секојдневно се намалува. Не е така далеку денот кога македонските глобалисти ќе станат малцинство, а Македонецот конечно и повторно ќе стане независен. Можеби токму мојата генерација ќе ја прослави таа победа...

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно