Какво време не очекува денеска?!?

Денеска е сабота 4 јули, 185-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 180 дена.

ovaa-vest-nema-da-vi-se-dopadne-vremenska-prognoza-za-nedelata-shto-sledi-256545

Денот трае 15 часа и 10 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и две минути, а заоѓа во 20 часот и 12 минути.

Месечината ќе зајде во седум часот и 41 минути, а повторно ќе изгрее во 21 часот и 48 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд повеќе во источните и југоисточните делови од земјава.

Температурата ќе се движи од 26 до 34 степени.

Во Скопје стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Од понеделник времето во земјава ќе биде потопло. Дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе се движи од 30 до 39 степени во четврток.

Коментари

Популарно