Денеска пеколно топло, но најлошото доаѓа во...

283845-vnimavajte-doagja-toploten-branДенеска е вторник 7 јули, 188-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 177 дена.

Денот трае 15 часа и осум минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и четири минути, а заоѓа во 20 часот и 12 минути.

Месечината ќе зајде во 11 часот и 11 минути, а повторно ќе изгрее во 23 часот и 38 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со мала облачност и со слаб повремен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во среда и во четврток времето ќе биде потопло и се очекува позначителен пораст на дневните температури. Во четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален повремено пороен дожд и појава на грмежи. Во петок дневната температура ќе се спушти за три до четири степени. Во сабота времето повторно ќе биде стабилно и потопло.

Коментари

Популарно