Девојката која била силувана од припадници на Боко Харам: „Бог ќе ме одмазди“

Мирјам ја киднапирале припадници на Боко Харам, ја приморале да се омажи за еден од нивните борци, а потоа неколку пати ја силувале. Откако успеала да побегне, ѝ ја раскажала својата приказна на репортерката од BBC.

boko-haram-devojka-04be0cf346948324_w640-630x421

„Дали е тоа нејзината вистинска коса?“, прашала Мирјам за преведувачот на BBC. Малку посрамена, прашањето го поставила на англиски. „Мм, да“, одговорила репортерката. Била зачудена, сите во нејзината заедница имале плетенки. Никогаш не видела слична фризура.

Имало многу работи кои Мирјам сакала да ја праша репортерката. Исто така, многу работи сакала и репортерката да ја праша неа.

17-годишната Мирјам патувала неколку часа од своето село за да ја раскаже својата приказна. Боко Харам минатата година ја држел во заложништво шест месеци. Сега, таа чека дете од човекот кој ја силувал и за кого ја приморале да се омажи.

Откако побегнала од заложништвото, заедницата ја отфрлила, особено поради фактот дека е бремена.

„Се надевам дека е девојче. Момчето би било познато како син на Боко Харам“, вели Мирјам.

Боко Харам минатата година го превзел нејзиното село. Таа била одведена во куќа, каде што во мала соба престојувала со 40 жени. На почетокот се противела за бракот со странец, а после тоа пред неа довеле четворица мажи со пресечени грла.

„Ова ја чека секоја девојка која ќе го одбие бракот“, ѝ рекле. После тоа се согласила на брак.

Шест месеци подоцна, после неуспешните обиди за бегство, на Мирјам ѝ се укажала нова шанса за да побегне. Трчала се` додека не стигнала до својата куќа.

Мирјам од телефонот на нејзиниот „сопруг“ ја зела СИМ картичката, на која бил целиот пекол од животот во рамките на Боко Харам. Села во пламен, обезглавени луѓе, тела по улици…

„Ако мојот сопруг повторно ме сретне, ќе ме убие“, вели Мирјам. „Мажите од моето семејство се убиени, Боко Харам ги уби, јас останав сама со мојата мајка“.

А, тогаш, на нејзиното лице се појавил бес: „Бог ќе ме одмазди, ништо друго не можам да кажам“.

Коментари

Популарно