Полицајка појадуваше со бездомник - фотографија која го воодушеви светот

Се уште има луѓе со благородна душа. Тиејн Грин ја фотографирала наредничката Ерика Хеј, како седи на тротоар и појадува со бездомник, а откако фотографијата ја објавила на интернет, полицајката и бездомникот станале вирален хит.

cajk

"Не ја познавам таа полицајка, но ќе и се восхитувам денес и секој друг ден. Ми личи како да му купила храна на овој господин и седнала до него заедно да појадуваат. Иако ги видов само на две минути, оваа сцена ми го разубави утрото", напишала таа покрај фотографијата. Не било потребно многу време за да се дознае за кого станува збор.

cajkan

"Одев по појадок кога го видов дека седи сам, па решив да му се приклучам и да му купам појадок. Тој е уште една личност, како и јас. Уживам во друштво кога јадам. Само седнав и јадев со него. Тој е како секој друг граѓанин. Бездомник е, можеби му е потребна нашата помош", рекла Хеј. На крајот додала дека по разговорот со него, открила дека станува збор за добар човек, со тажна животна приказна.

Коментари

Популарно