Медиа доручек и прес конференција со докторите по повод ,,Светската недела на доење”

По повод ,,Светската недела на доење”, Ве покануваме на прес конференција во вторник 04.08.2015, август, во Скопје Сити Мол, на 3-тиот кат, веднаш до кината Cineplexx. По завршувањето на прес конференцијата, ќе има коктел, медиа доручек како и дружење, консултација и совети од докторите пристутни на пресот.

doenje

Свое учество на прес конференцијата ќе земат, Доц Д-р сци Аспазија Софијанова, директор на Универзитетска клиника за детски болести, претседател на Здружение на педијатрите на РМ, Д-р сци Марија Хаџи-Лега, директор на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Прим Д-р Весна Деловска-Стојкова, раководител на оддел за новородени при Специјална болница за гинекологија и акушерството Мајка Тереза-Чаир Скопје, претседател на Здружение на неонатолози на РМ Д-р спец Татјана Баевска-Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје, потпретседател на

Здружение на педијатрите на РМ Прим Д-р Марина Поп Лазарова, шеф на педијатрија, Општа болница Ремедика Д-р Душко Фидановски, шеф на педијатрија, Клиничка болница Аџибадем Систина Проф Диана Белевска, Декан на факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитетНВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, во соработка со Здружението напедијатрите на РМ, Здружението на неонатолози на РМ, Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство и Здравствениот дом Скопје ја одбележува глобалната недела на доењето со серија едукативни предавања и практични работилници поврзани со доењето пренесувајќи ја пораката надвор од здравствените институции во јавноста.

ELEKTRONSKA POKANA

Покровители на настанот се Би-МЕК, претставник на Medela, светски лидер за производи за подршка на доењето и City Mall Скопје, а е поддржан и од Клиничката болница Аџибадем Систина, болница Ремедика и болница Плодност.

На прес конференцијата ќе се зборува за актуелната состојба и перспективите за унапредување на доењето во РМ како и за перспективите за отварање на банка за хумано млеко, улогата на раѓалиштата и неонатологот во иницијација на доењето и на превентивниот тим и патронажната сестра во одржувањето на доењето.

Локација: Скопје Сити Мол, 3 кат, до кината Cineplexx

Датум: 04.08.2015, вторник

Време: 11 часот

Коментари

Популарно