Црна Гора ја потресе скандал - докторите си правеле селфи на операција

Хирург вработен во Клиничкиот центар во Црна Гора, Александар Филиповиќ на својот профил на Фејсбук, објави фотографија на која се гледа пациент во операциона сала и пет членови на медицинскиот тим.

skandalccgg

Еден од членовите на тимот е и докторот Филиповиќ кој не носи стерилизирани ракавици, поради што следеле коментари на фотографијата. Овој чин на докторите предизвика бурни реакции. Во Кодексот за медицинска етика, стои дека докторот треба совесно да ги извршува своите обврски, а во делот „Должност кон пациентите“ се наведува дека работата треба да ја извршува стручно и етички беспрекорно.

Коментари

Популарно