Невреме денеска и утре, од задутре...

dozd-vreme-nevremeДенеска е понеделник 3 август, 215-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 150 дена. Денот трае 14 часа и 24 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 27 минути, а заоѓа во 19 часот и 51 минута.

Месечината ќе зајде во осум часот и 56 минути, а ќе изгрее во 21 часот и 39 минути.

Временска прогноза

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен проследен со грмежи. Поизразена нестабилност ќе има во северните и југозападните делови, каде локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со обилен пороен дожд (над 30л/м2), електрични празнења, засилен ветер и со услови за изолирана појава на град.

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 15 до 22, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Во вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен проследен со грмежи. Во среда ќе има локална нестабилност, а потоа во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и суво.

Коментари

Популарно