Драма: Ја гризнала свекрвата, па сопругот се обидел да и ја скрши главата

Жителка од тетовското село Челопек пријавила во полиција дека вчера попладне врз неа било извршено семејно насилство. На тоа и претходела расправија со нејзината свекрва. Во расправијата дошло и до меѓусебно туркање при што снаата ја гризнала свекрвата за рака.

1961586_728220220556543_1365236683_n_zpsb04c72b1

Свекрвата тогаш му се јавила на синот. Кога тој дошол дома веднаш и се нафрлил на сопругата и со тупаници ја удрал по главата, а потоа ја влечел за коса, како што тепаната пријавила во полицијата. Поради нанесените телесни повреди сопругата од полицијата побарала кривичен прогон за сопругот насилник.

Коментари

Популарно