За овие болести вработените лажат, а шефовите немаат разбирање

Вработените коишто патат од мигрена, можеби треба да смислат подобар изговор кога на своите шефови им јавуваат дека нема да дојдат на работа, бидејќи само секој петти раководител смета дека таа состојба е доволно сериозна причина за изостанување од работа.

migrena

Болките во грбот, повредите кои се резултат на незгоди, пад дури и оперативните зафати, кои не се итни, како што е на пример отстранување на очната мрежа или вградување на вештачки колк, не предизвикуваат разбирање кај работодавачите и само 37 отсто од нив ги сметаат за доволни причини за изостанување од работата, покажа истражувањето во врска со боледувањата што го спровела британската осигурителна компанија „AXA PPP Healthcare“ меѓу илјада работодавачи.

Според истражувањето, чии резултати ги пренесува лондонски The Telegraph, грипот е најприфатливото заболување, иако и тоа предизвикува разбирање кај само 41 отсто од работодавачите.

Иако работодавачите на менталните заболувања, како што се стресот или анксиозноста, не гледаат како на подобри или полоши оправдувања, истражувањето покажало дека вработените се понаклонети за нив да лажат и да кријат дека тие се вистинските причини за нивното изостанување од работата.

Според истражувањето, пак, спроведено меѓу илјада вработени, само 7 отсто би го лажела шефот доколку мора да одат на боледување поради некоја физичка болест како што се болки во грбот, грип или случајна повреда, додека дури 40 отсто би му прикриле на работодавачот дека на боледување мора да одат поради стрес, анксиозност или депресија. Резултатите покажуваат и дека 22 отсто од вработените не би откриле дека вистинската причина за земање боледување е настинка, а 12 проценти дека остануваат дома поради мигрена.

lekar

„Во многу случаи попродуктивно е вработениот да остане дома еден дена за да закрепне, отколку да дојде да работи со намалени способности поради, на пример,настинка или грип, и ризикот да ја прошири болеста на колегите“, вели Глен Паринскон од „AXA PPP Healthcare“.

Запрашани зошто ја кријат вистинската дијагноза поради кои земаат боледување, 23 отсто од испитаниците одговориле оти сметаат дека нивното здравје е нивна лична работа, други 23 отсто, пак, стравуваат како потоа ќе се гледа на нив, 15 проценти сметаат дека работодавачите нема да им веруваат, а 7 отсто се плашат од реакциите на шефот, додека 3 отсто признаваат дека се срамат поради вистинската причина за боледувањето.

Паркинсон додава дека за работодавачите клучно е да покажат разбирање и флексибилност кога вработените не се чувствуваа добро, поради здравата работна атмосфера.

извор:Макфакс

Коментари

Популарно