Денеска услови за дожд, до крајот на неделава рекордно високи температури

hitportal-soncevo1Денеска е четврток, 3 септември 2015 година, 246-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 119 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 59 минути, а ќе зајде во 19 часот и 7 минути.

Денов трае 13 часа и 7 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 22 часот и 9 минути, а ќе зајде во 11 часот и 23 минути.

Временска прогноза

Во Македонија времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 18, а дневната од 31 до 37 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 36 степени.

До крајот на неделава продолжува периодот на многу топло време за овој дел од годината, со дневни температури од 31 до 38 степени. Во недела ќе дува умерен, повремено засилен западен ветер, а од попладнето се очекува да настапи позначителна промена на времето со пад на дневната температура и локален дожд.

Коментари

Популарно