Притвор од 30 дена за скопската дадилка

Основниот суд Скопје 1 одреди триесетдневен притвор за дадилката која беше снимена како малтретира деветмесечно бебе.

sdf24234234

Вчера попладне обвинителството соопшти дека се води истражна постапка за малтретира за запуштање и малтретирање на дете, против скопјанка која била ангажирана да чува бебе. За ова казнено дело предвидена е казна од една до десет години затвор.

Дадилката од видеото кое ја разбесни Македонија во истражната постапка тврдела дека не е виновна, иако малтретирањето на 9-месечниот Даријан беше снимено со камера.

Родителите на момчето ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.

По соопштението на Обвинителството тетката на бебето на „Фејсбук“ објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето, но денеска видеото е отстрането од социјалната мрежа. Дел од снимките може да погледнете тука.

Извесен Ванчо Мицев, пак, денеска на социјалните мрежи се претстави како адвокат од Скопје и застапник на дадилката. Тој вели дека од судот веќе побарал снимките да бидат изземени како доказ бидејќи биле неовластено стекнати.

Коментари

Популарно