ГАЛЕРИЈА: Жежок стриптиз на Ирина Шаек!

Читателите на „Вог“ ќе уживаат во новиот број на магазинот, бидејќи во него Руската манекенка Ирина Шајек (29) одигра жежок стриптиз.

sajk-tanc1

Оваа убавица сигурно не е срамежлива во покажување на своите атрибути, па била одличен избор за видеото со кое е најавен новиот број на популарниот магазин.

Ирина на фотографиите изведува заводлив стриптиз, за на крај да остане само по долна облека. Додека танцува таа соблекува се од себе, а со својата умешност ја разгоре фантазијата на своите бројни обожаватели.

Фотографиите се дел од видео снимено во текот на Модната недела во Њујорк, на која модната куќа Оскар де ла Рента имаше своја модна ревија. Ирина, освен тоа што прошетала на модната писта, подоцна уживала во својот статус на ѕвезда, па седнала во првиот ред на ревијата на „Версаче“.

Коментари

Популарно