Мансаков ги замолкна Комитите!

Човештвото од секогаш имало потреба од херои. Идолите на цели генерации го покажувале правилнот пат во животот, преку своите жртви за успех и општествена вредност. Во недостиг на доволно релани херои, светот измисли суперхерои, кои од стриповоте денеска владеат и со филмското платно. Сепак јунаците од Марвел никогаш нема да ги заменат вистинските, сексјдневните херои. И додека во времето на војна, хероите се на првите борбени редови, во време на мир нивниот примат го добиваат спортистите. Тие се нашите воини, идоли, херои...

11990577_10208350586745626_6209209676456969806_n

Во развиениот свет успешните спортисти се нормална појава, па младината има на кого да се угледа, а со тоа да ја продолжи низата на нови успешни генераци, со свои лидери на спортскиот трон. Ние ја немаме таа среќа. Во Македонија, големите спортски имиња се појавуваат многу поретко. Но, сепак ги има. Петар Наумовски, Дарко Панчев, Пандев, Кире Лазаров, Индира Кастратовиќ, Перо Антиќ, Владо Илиевски, Пепи Манасков... се нашите модерни јунаци. Тоа се вистинските идоли на нашето време, но нивното време на спортските боишта или поминало или е при крај. Со цело срце им посакувам да бидат активни уште многу години и да останат на врвот, но реалноста е дека е време за нова генрација. Нивните успеси за секогаш ќе бидат запишани во нашата истори и нашите срца, а нивните презимиња кажувани со гордост. Всушност едно од горе споменатите презимиња има наследник. Можеби наш нов херој. Големиот Пепи Манасков, на Македонија освен огромна радост со својот спортски квалитет и го даде и Дејан Манасков. Новата надеж на македонскиот ракомет и новиот херој во доаѓање.

Дејан со само 23 години веќе има големи успеси зад своето име, а Европа во него го виде најталентраниот млад играч. Доколку продолжи со својот прогрес, како и досега, тој без сомнение за неколку години ќе биде најдоброто лево крило во светот. Токму тој Дејан Манасков, вчера во Јане Сандански доби признание за нов македонски херој. Токму зад него вчера застана речиси цела сала и го одбрани од нападот на оние кои себе се нарекуваат „Комити“. На секој дел од полната сала, вистинската публика влегуваше во конфликт со мизерната навивачка група. Комитите доживеаа пораз во сопствениот дом и беа свирени од 5-6 илјадните вљубеници во ракометот. Дејан ни врати со прекрасна партија и 100% реализација. БРАВО мајсторе.

Денеска таканаречените Комити се обидуваат да ја извртата приказната, па уште и да го заплашат младиот Манасков со следниот меч и нови свирежи кон него. На групата голобради деца кои мислат дека Вардар им припаѓа само ним, не им е јасно дека публиката реши. Манасков е херојот, а тие лузери. Последниот обид синоќа во салата, кога Комити го извикуваа името на Дибиров со цел да биде заменет Манасков, наиде на свирежи. Не, публката не го свиреше името на големиот мајстор Тимур, туку вашата желба Манасков да седне на клупа. Денеска обвинувања и до публиката и управата дека на трибините селеделе платени полтрони за да навиваат за Манасков! Абе деца... зарем мислите дека сте толку битни, па дека некој ради ваше мислење ќе дава гратиси? Зарем не видовте вчера, Вардар победи и без вас! На најмалку 20 места во салата имаше мини инциденти и сите бевте замолкнати! СИТЕ! Зарем не ја разбравте пораката? Слободни сте, напупштете! Не доаѓајте повеќе! Не ни требаат кретени кои свират вардаров дрес! Не можете да пеете за Црвено црна, а потоа да ги свирите истите бои, па кој и да е облечен во нив! Ако ова не ви е јасно, ако не ви е јасно дека презимето Манасков во Македонија е свето, ако не ви е јасно дека Вардар може и без вас, ви предлагам групна терапија во затворена институција. Никаде во светот публикате не свирела нов играч! Никаде! Би разбрал Пирати да го свират Дејан, затоа што ги напуштил, но да свириш играч кој го засилил клубот кој ти го носиш во срце, тоа не е видено никаде. Вие сте стварно посебни, т.е. со посебни потреби. Дел од вас влегоа во расправија и со таткото на Столе Стоилов... зарем и тој е платен. Зарем и тој не разбира ракомет. И Столе на клупа аплаудираше на секој потег на Манасков! И тој ли не разбира ракомет? И тој ли е продаден? Цела клупа на Вардар, па и играчите на терен играа за Дејан! И тие ли се предавници на црвено-црниот дрес? Сите ли го мразат Вардар, освен вие? Вие кои сте финансирани од клубот пеете против управата! Вие кои не плаќате карти се удирате во гради и раскажувате кој треба, а кој не смее да го носи дресот на Вардар! Па уште немате ништо против Самсоненко, ама имате против Манасков?! Токму Самсоненко го донесе Дејан! Тоа е неговата одлука!!! Се чудам зошто уште ве трпи. Ама и неговото трпение ќе попушти, ако продолжите вака.

Untitled

Денеска гледам и пораки на ФБ страната на Вардар, од членови на Комити, кои речиси жалат што Вардар победил без нив. Уште еден доказ дека Комитете не го сакаат Вардар, туку контрола над клубот. Тие освен пари од клубот, право на одлука кој играч треба да го облече дресот, а кој не, сакаат и признанија за својата присутност во салата! Ова лудило мора да престане, а во која наскоа е решението покажа преполната Јане Сандански синоќа.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно