Македонија бира СЕЉАК на годината!

Деновиве во Македонија имаме интересни дешавки, па место да изберам една, решив да пишувам за се што мене ми беше интересно или чудно.

kal-gumi-kola

1. Измени во законот за безбедност во сообраќајот.

Конечно, по огромен број трагични сообраќајки во главниот град и страшен притисок од јавноста, државата реши да го промени законот за безбедност во сообраќајот. Повеќето од измените во законот позитивно ќе влијаат на безбедноста, но само доколку истиот се применува за сите подеднакво. Ако, како и досега има учесници во сообраќајот кои се над законот или полицајци кои место да пишат казна се среќни со една флаша „johnnie walker“, тогаш џабе законот и многу радари низ Скопје. Ако државата навистина сака да воведе ред во сообраќајот, ќе мораат да сфатат дека сите сме еднакви пред законот.

2. Сашо Мијалков се откажа од дипломатскиот пасош.

Во своето соопштение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вели дека не го ни земал дипломатскиот пасош и дека се откажува од истиот. Причина за тоа, како што вели самиот, е дека не сака да биде користен како оружје на СДСМ во нивнта безидејнот. Ок, се е тоа во ред, но во целава ситуација Министерт кој решил да му издаде дипломатски пасош на Мијалков си остана нем! Зошто тој не не удостои со објаснување која е причината што поранешниот директор на УБК добил дипломастки пасош? Не заслужуваме објаснување Министеру?

3. Судија во Штип си паркирал на пешачки премин и оставил легатимација во кола за да знаат кој е.

Судијава уште искочи со изјава дека тоа го направил затоа што немал паркинг по дома!!! Паркинг имало, ама требало да плати, а тој веќе плаќал за жена му, па одбива да плати за уште еден автомобил!!! Кога судија размислува вака, зошто па ние се чудиме дека државава ни е див запад. На крајот од приказнава, возилото не било паркирано на пешачки во близина на неговиот дом, туку во центарот на Штип!!! Како ли ќе му помогнеше паркинг местото пред неговиот дом, при паркирање во центарот? Значи човекот е толку лут/д што сега паркира каде сака, кога сака, колку сака! Да сум ја од Штип, сега би ми било страв да не ми паркира кај мене у гаража, пошо жена му не му дала да пие кафе од омилената шоља!

Озбилно, мислам дека ни треба манифестација што ќе бира, СЕЉАК НА ГОДИНАТА!

24764golema

4. Најава за донесување на закон за забрана за емитување на прислушкуваните разговори.

Цел ден денеска читам за овој закон и не ми се верува... Се зборува дека со овој закон ќе се срушил договорот од Црниче, па се јавија медиумите кои веќе еднаш ги објавија овие снимки и гордо изјавија дека нема да ги избришат од својот репертоар. Не дека ми е гајле дали „бомбите“ ќе постојат во нечија медиумска меморија или дали пак ќе бидат објавени, но не ми е јасно зошто се дига галама за џабе? Во Македоија веќе има закон според кој објавувањето на вакви разговори е кривично дело! Значи секој медиум што ги објавил, веќе направил кривично дело!!! Не ни треба нов закон! Ако навистина постои идеја за ваков предлог кај владеачките партии, ме интересира логиката за дуплирање на истиот! Ако пак ова е шпекулација на опозициските партии, што кога утре нема да има ваков предлог, а медиумите кои објавиле прислушкувани разговори ќе одгвоараат кривично, според стариот закон? Пак ќе зборите за „диктатура“? Пошто ви се може?

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно