Денеска заврна и ќе врне се до...

dozd18Денеска е среда, 7 октомври 2015 година, 280-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 85 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 18 часот и 7 минути.

Денов трае 11 часа и 32 минути.

Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во 1 часот и 16 минути, а ќе зајде во 15 часот и 21 минута.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно. Претпладне врнежите ќе бидат во западниот дел од земјата, а во попладневните часови врнежи со слаб и умерен интензитет ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови облачно со повремен слаб до умерен дожд и претежно североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

За време на викендот повторно се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.

Коментари

Популарно