Кој наш пејач ја промени професијата и почна да собира картон?

„Кога работите со љубов, нема срам. Секоја чест за сите кои поштено си го заработуваат својот леб, а срам за сите кои крадат од туѓиот леб“, вака на Фејсбук напиша македонскиот поп пејач кој веројатно решил да го погледне животот со поинакви очи.

jpanov

Стокмен од глава до пети, Јоце Панов се качил на запрежна кола и ги фатил уздите од коњот, сакајќи да покаже дека не се срами да работи и како собирач на картон.

1jpanov

Колку време од денот поминал во една поинаква животна улога не знаеме, но неговиот потег треба да биде добра порака дека животот носи се, а оној што заработува чесно нема од што да се срами. Единствена работа на која Јоце не се сетил, е дека сигурно нема да сретне „колега“ кој работи како собирач на картон вака дотеран.

Извор: Вистина.мк

Коментари

Популарно