Идентификуван бомбашот кој направи масакр во Анкара

Турските власти идентификуваа еден од двајцата бомбаши-самоубијци, што вчера извршија напад за време на мировниот марш во Анкара, при што загинаа 95 луѓе, а 246 се повредени, објави провладиниот турски весник „Јени шафак“. Весникот наведува дека врз основа на анализа на делови од телото и отпечатоци од прстите утврдено е дека напаѓачот бил маж на возраст од 25 до 30 години.

ankara_thumb_medium500_308

Во радиус од 1,5 километри од местото на експлозијата пронајден е прст, за кој се претпоставува дека е на еден од напаѓачите. Експертите од судска медицина пронашле и тело на кое имало голема концетрација на барут, што упатува дека е можно да е еден од бомбашите-самоубијци. Во моментот се прават ДНК тестови. Истрагата утврдила дека напаѓачите користеле и ТНТ експлозив. Се уште никој не презел одговорност за нападот. Во Турција е прогласена тридневна жалост.

Коментари

Популарно