Кој е поглупав? Македонците или Американците?

Со месеци избегнувам да пишувам за политика. И денеска немам некоја желба да се посветам на темава, но чувствувам одговорност да го кажам моето мислење. Не дека ќе смени нешто во морето од текстови напишани на темава, ама барем мене ќе ми биде мирна совеста.

makedonsko amerikansko bratstvo

Уште од дете во СФРЈ се сеќавам како им се потсмевавме на Американците. Не на САД како држава, туку на народот што живее таму. Ги сметавме за многу глупави, па секој глуп виц го нарекувавме „амерички“. Не знам од каде таа идеја дека преку барата живее глупав народ и дали и денешната младина верува во моронлукот на Америте, но тоа беше реалноста. Можеби затоа денеска кога САД ја губи светската доминација, поголемиот дел од Македонија им се сити и навива за Русија, од која немаме видено ништо добро. ОК и Русите се православни, но токму нивната црква преку српската и грчката ни прави проблем во црковниот свет. Како и да е, моето детство одамна заврши и сега имам повеќе од неколку пријатели Американци со кои редовно комуницирам и добивам информации за општата слика во Америка. Дали Американците се навистина глупави? Па....

Америка пред својот пад предизвика војна во Украина и ја изгуби, го создаде ИСИЛ и бегалска криза со која ја смени етничката структура во Европа. Пред неколку години го пепелоса Иран, ја запали Либија, го зазема Авганистан и го користи како бавча за дрога. Предизвика „пролет“ во Египет и Тунис, си ги сруши кулите во Њујорк.... Се за нафта, дрога, пари... моќ. И додека сето ова се случуваше и се случува, Американците по медиумите се расправаа/т кој е подобра опција, демократите или републиканците. Пред неколку дена прочитав статија од американски медиум каде се критикува Обама, затоа што 2 години ги бомбардирал ИСИЛ и не успаел да ги совлада, а Путин го направи тоа за 2 недели! Зарем постојат Амери кои сеуште веруваат дека ИСИЛ не е творба на САД и дека Обама стварно бомбардирал? Одговорот е ДА! По ова одговорот на прашањето од претходниот пасос е многу лесен. Да, дел од Американците се многу глупави! Неверојатно лесни за манипулација. Или народски кажано, ОВЦИ! Но, токму пред да се почуствувам супериорен пред народот од Империјата, ми текна дека...

Пред неколку месеци кога се потпиша договорот во Пржино, лидерите од спротиставените страни, кои се во главна улога на фронтот славеа. Медиумите се обидуваа да проценат кој е посреќен, кој има поширока насмевка, кој навистина победил. Слично како во САД, никој не спомна дека тој договор пораз за Македонија, дека истиот го руши уставот, дека група на странци и македонската политичка елита одлучија во наше име без да не прашаат! Истото ни се случува и сега. До пред некој ден главна тема беше дали Катица Јанева и институцијата „Специјален обвинител“ е уставна или не е. Па зарем оние кои го потпишаа договорот не знаеа дека го газат уставот? АЛООО ДЕЧКИ ЦЕЛ ДОГОВОР ВО ПРЖИНО НЕ Е УСТАВЕН!!!! Зошто се фативте за Јанева? Зарем некаде во македонскиот устав пишува нешто за привремен Премиер или за министри од опозиција со право на вето! Кој ви даде право да го потпишете тој договор? Кој ви дозволи да го газите Уставот? Но, слично како и во САД речиси никој не се замара со вистината. Еве и денес сите зборуваат за тоа дека Македонија речиси сигурно ќе ја загуби препораката за преговори со ЕУ! Или за тоа на чија страна се средношколците. Кој кого плаќа и на чија страна се анкетите. Кој сака, а кој не сака на избори. Абе страшна работа ако ја загубиме препораката! Еве 10 години ја имавме и што? Како препораката позитивно делуваше на нас? Страшно и тоа на чива страна се 200-300 деца! Не им се иде у школо! Тоа е! Па уше ако има некое стотче за кафе и цигари... Светот се менува, Русија во друштво со Кина и Индија тргна кон врвот, а нас не замараат со тоа како била облечена специјалната од Гевгелија. САД ја губи контролата, Империјата се распаѓа, а ние броиме малолетници на кои не им се учи! Европа менува етничка структура, Балканот е се поблиску до војна, а ние сакаме препорака!

Ако Америте се глупи како народ, ние не сме тие што треба да им се смеат. И таму и тука политичарите имаат различни имиња и партии, но истата, себична девиза. Желбата за власт секогаш е пред доброто на државата и народот. Медиумското перење на мозок го измислија тие, но го прифативме и ние. Вистината никој не ја третира. Таа е опасна за секој политичар. Токму затоа ќе потрошат многу пари и енергија раскажувајќи ја нивната верзија, наместо многу едноставно да ни обезбедат увид во ситуацијата. Ќе се удираат во гради дека стојат на „браникот на државата“, дека ова е борбата да се биде или не, дека токму тие се спасителите, но место транспарентно пред нас да решаваат за нашата држава, ќе се кријат зад затворени врати во Пржино. Господа политичари, доколку сакате да ви верувам дека ни мислите добро на нас и на државава, една камера на следната средба и пренос во живо на Собраниски канал! Па да видиме кој кого продава и за која цена! До тој момент, во мојот тефтер, СИТЕ СТЕ ИСТИ!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно