ФОТО:Дали е ова доказ дека рускиот авион бил бомбардиран ?

На фотографиите од остатоците се гледаат дупки кои се верува дека се резултат од шрапнели кои биле упатени од надвор кон авионот.

Фотографиите кои се појавија од рускиот џет кој беше соборен над Синајскиот полуостров во Египет минатиот викенд, покажуваат дека најверојатно причината била бомба. На сликите се гледаат дупки во остатоците на Ербасот A321 што наведува на тоа дека соборувањето е предизвикано од нешто од внатрешноста на авионот.

Вестите за овие докази сугерираат дека несреќата е резултат на бомба поставена од милитантите на ИСИС, вели САД и европските безбедносни извори. 'Дупките кои се направени на авионот изгледаат како на дупки од шрапнел ', а покрај тоа 'постојат дупки во делови од авионот чии рабови се одвнатре кон надвор '.

'Може да се претпостави исто така дека овие дупки се направени од деструктивните делови на бомбата', вели весникот, кој кредитира блогери кои истакнуваат "докази". Една слика пак,покажува 'мали дупки на внатрешната врата за излез во итен случај на задниот дел на авионот. 'Ваквите дупки би можеле да се направат и од метални топки, кои често се користат од страна на терористите како деструктивни делови на бомби. '

Руски експерти велат дека нема знаци од експлозиви кои се откриени на телата на жртвите од авионската несреќа, но руското воздухопловство официјално изјави во четвртокот дека истрагата е во насока за можноста дека објект бил сместен во авионот и предизвикал катастрофа. Постојат две верзии кои во моментот се разгледуваат: нешто сместено внатре (во авионот) и техничка грешка. 'Но авионот не може сам по себе да се распадне во воздухот - треба да има некоја акција. Опцијата дека тоа е ракета е неверојатна бидејќи не постојат знаци за тоа , ' рече рускиот функционер. Рускиот заменик-министер за вонредни ситуации Leonid Belyaev ,рече дека телата на 19 патници ќе бидат погребани денес или утре. Досега се идентификувани остатоците на 58 жртви.

Коментари

Популарно