Косово не е примено во УНЕСКО!

Косово не е применo во УНЕСКО, откако не успеа да гo добиe потребното двотретинско мнозинство во Генералното собрание на организацијата.

Три гласа недостасуваа Косово да биде примено во УНЕСКО, односно од 142 членови, кои гласале, 92 од нив биле "за", "против" биле 50, а воздржани биле 29. Да потсетиме, за двотретинско мнозинство потребни се 95 гласови. Меѓу земјите што не го поддржаа влезот на Косово во УНЕСКО се Бразил, Кина, Шпанија, Русија, Индија, Казахстан, Белорусија, Палестина, Северна Кореја, Словачка, Уругвај, Венецуела, Бахреин, Индонезија ... Воздржани меѓу другите, биле, Босна и Херцеговина, Колумбија, Грција, Нигерија, Перу, Полска, Романија, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Тунис и Замбија. За пристапување на Косово во УНЕСКО, меѓу другите, гласаа Белгија, Франција, Канада, Бугарија, Белизе, Ирска, Исланд, Италија, Литванија, Малезија, Пакистан, Панама, Норвешка, Нов Зеланд, Португалија, Чешка, Велика Британија, Словенија, Шведска, Швајцарија, Чад, Тајланд, Турција, Авганистан, Албанија, Германија, Андора ...

e249c75d-a25d-4f07-a0e2-c0d446ee76f8

Предлогот за признавање на Косово претходно е објаснет, дека тоа не е гласање за признавање на Косово како држава, или за влез во ОН, туку барање да на "народот на Косово му се обезбеди пристап до културните вредности и образованието, како и на крајот да се поддржи мисијата на УНЕСКО. Од друга страна пак се потенцира, дека приемот на Косово во УНЕСКО би значело политизација на организацијата, како и кршење на меѓународното право, а претходно Генералното собрание на предлогот на српскиот Парламент гласаше за одложување на прогласувањето на оваа тема, но овој предлог бил одбиен.

Коментари

Популарно