Хуманост за почит: Македонец секој ден дава бесплатен оброк на трудници

Пекарницата „Кај Македонецот“, која се наоѓа во Крагуевац, секојдневно бесплатно дели оброци за трудници.

trudniciobrok

Славољуб Тотиќ од Скопје, кој е сопственик на пекарницата, во изјава за Блиц.рс вели дека кај Македонците е традиција да се поклонува за да тргне работата.

Својата пекарница тој ја отворил на почетокот од месец ноември годинава.

-Одлучив по еден бесплатен оброк да им делам на трудниците, затоа што од медиумите се информирав дека Србија има проблем со наталитетот, па така на овој начин сакав да го дадам својот придонес, изјавил Тотиќ.

Секој ден во пекарницата по 10 до 15 трудници добиваат бесплатен оброк.

-Трудниците најчесто сакаат да јадат брек и македонска пастрмајлија од пилешко и свинско месо, вели тој.

Славољуб има 38 години и истакнува дека со пекарство се бавеле и неговите прадедо, дедо му и татко му, а тој ја продолжил семејната традиција.

Коментари

Популарно