Американскиот потпретседател Бајден доаѓа во Загреб!

На заедничката покана од хрватскиот претседател, Колинда Грабар-Китаровиќ и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, како шеф на Претседателскиот процес Брдо - Бриони, американскиот потпретседател Џо Бајден, ќе учествува како специјален гостин на извонредниот самит на Претседателскиот процес Брдо – Бриони, кој ќе се одржи на 25 ноември 2015 година во Загреб, објави канцеларијата на хрватскиот претседател.

Процесот на 'Брдо – Бриони' е заеднички поттикнат од Словенија и Хрватска со амбиција да преку реформите и приближувањето кон Европската унија ја промовираат регионалната соработка и решавањето на отворените прашања и со тоа да придонесат за понатамошна стабилизација на ситуацијата во Југоисточна Европа.

Joe Biden

Тогашниот хрватскиот претседател, Иво Јосиповиќ и неговиот словенечки колега Борут Пахор, ја започнаа иницијативата во 2013 година на годишниот состанок на шефовите на државите од Југоисточна Европа, со почесен гостин од една од водечките земји од Унијата, а самата хрватско-словенска иницијатива се базира на т.н. Брдо процес, за да потоа Јосиповиќ ја објави интеграцијата на два независни регионални процеси во еден, наречен Брдо – Бриони.

Стратешкиот дијалог на политичките лидери на земјите од Југоисточна Европа во овој формат започна во Загреб, на 1 јули 2013 година, денот кога Хрватска влезе во ЕУ, а продолжи на 25 јули истата година во Брдо кај Крањ со заеднички состанок со претседателот на Франција, Франсоа Оланд, кој тогаш рече дека "Франција планира во наредните години да игра поактивна улога во Југоисточна Европа".

Коментари

Популарно