Фото: Роналдо се расфрла - 19 милиони евра за луксузно летање

Ѕвездата на Реал Мадрид и португалскиот национален тим, Кристијано Роналдо се поднови со „Gulfstream G200“. Цената на овој луксуз е 19 милиони евра, пишува весникот „Correo da Manha“.

ronal

Авионот има посебен тоалет за екипажот и патниците, соблекувалната со гардеробер, интернет, факс, фрижидер, микробранова и може да се сместат помеѓу 8 и 10 пријатели на фудбалерот. Се претпоставува дека Роналдо авионот најмногу ќе го користен за неговите маркетинг обврски. Ѕвездата неодамна лансираше свој бренд чевли, модна линија, учествуваше во снимање филм и др.

ronaldo

Тој е еден од фудбалери кои најмногу заработуваат, а приходи за минатата година изнесуваат 70 милиони евра. Пред околу 3 месеци Роналдо потроши 17 милиони евра за стан на Петтата авенија во Менхетн.

Коментари

Популарно