ВИДЕО: Откако направи хаос во МВР, Спасовски прави хаос на автопат

Читател испрати видео до редакцијата на Курир, за кој тврди дека ги прикажува новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговото обезбедување, пренесува Курир.

videocitatelll

Тој вели дека овие три дена, постојано со огромна брзина луксузно ауди со полициска придружба се движело по автопатот и минува по патарините со вклучени ротациски светла и сирени, без да застане и да плати патарина.

За само неколку дена Спасовски во јавноста стана познат по многубројните задоволства кои си ги пружи самиот на себе откако од својот лидер Зоран Заев беше предложен за технички министер во МВР.

На првото влегување во кабинетот најважно му беше да го обезбеди луксузното ауди, во кое странски државјани шверцувале дрога и да повика лица за да го сликаат за дипломатскиот пасош во својата нова канцеларија.

srdujdhdfh

Од друга страна, првите одлуки кои ги донесе далеку од очите на јавноста предизвикаа невиден хаос во МВР и тоа во ситуација кога целиот свет е соочен со ризикот од терористички закани.

Спротивно на измените во Законот за влада, Спасовски ги одзеде сите овластувања во МВР и во моментов ниту директорите за државна и јавна безбедност, ниту кој било друг професионалец нема овластување да издаде наредба за изготвување план и акција во случај на терористичка закана.

Коментари

Популарно