ФОТО: Балканот во бело - Падна првиот снег!

По топлото време невообичаено за овој период од годината, падна првиот снег во Хрватска, Словенија и БиХ. Температурите на воздухот во Хрватска се двжеа од два до седум, а снег падна на Сљемен, во Горски Котор, како и во Карловац и Дуга Реса.

снег

„Јутарњи лист“ објави дека снегот и силниот ветер предизвикале сообраќаен хаос на автопатот Загреб­-Риека.

Во Словенија вчера утрото врнело дожд, а потоа снег.

Бране Грегорчич од словенечката Метеоролошка служба изјави дека во пониските предели се очекува снежната покривка да достигне од пет до десет сантиметри, а на планините од 20 до 40 сантиметри.

Во северозападниот дел на Босна и Херцеговина вчера вечерта почна да паѓа слаб снег, кој не се задржува на патиштата.

снег1

снег2

снег3

Коментари

Популарно