ФОТО: Играше за Барселона, но на теренот единствен Македонец беше Кирил Лазаров

Македонскиот ракометен шампион Вардар вчера за прв пат оваа сезона беше поразен на свој терен. Виновник за тоа беше тимот на Барселоба со нашиот Кире Лазаров на своја страна.

lazarov-klupa

По тој повод, на својот официјален Фејсбук профил се „јави“ и Стевче Алушовски, долгогодишен член на репрезентацијата, каде беше соиграч со Лазаров.

„И разбирливи се овациите за Кире Лазаров и тоа што пола јавно, а пола скришно на трибини потскокнуваа на неговите голови. Се подзабораваа, подвикнуваа, па брзо седнуваа, да не испадне дека во дресови за Вардар навиваат за Барселона. Наш е, го сакаме, македонската публика го сака и се гордее со капитенот во дресот на најмоќниот европски клуб. Впрочем, во поголемиот дел од натпреварот, Лазаров беше и единствениот Македонец, долу на теренот“, напиша Алушовски.

stevce-status

Коментари

Популарно