ВИДЕО: Чудо на папата Францис? Бакнал девојче кое потоа оздравело!

На малата Џана (1) туморот на мозокот и се намалил откако папата Францис ја благословил за време на својата посета на Америка.

papa-630x420

Девојчето боледува од ретка и неизлечива болест. Во август оваа година наодите покажувале дека Џана од Филаделфија не може да оди на операција и дека нема надеж дека ќе живее долго.

Тогаш нејзините родители Џои и Кристен Масчиантонио заедно со неа отишле на церемонијата која ја предводел Светиот Отец. Папата го видел девојчето, побарал од чуварите да му ја донесат и ја бакнал во главата.

папа1-630x420

Девојчето во ноември отишло на контрола, која покажала дека туморот значително се намалил. Родителите се убедени дека тоа е чудо.

“Верувам дека се доаѓа од Бога, а Папата е негов гласник”, изјави Џои.

Девојчето на Папата му го однел чуварот Доменицио, како и постариот брат на Џана. Покрај тоа на церемонијата тој ден била присутна и ќерката на света Џана, светицата која има исто име како и девојчето. Џана заздравува, а нејзината пресреќна мајка вели:

“Неа и е се подобро и подобро. На сите им праќа бакнежи и со прстите покажува работи”.

Коментари

Популарно