Денеска го славевме Денот на Републиката - Еве како Тито ја замислуваше Југославија

На денешен ден пред 72 години во Јајце, БиХ е одржано Второто заседание на антифашистичкото собрание за народно ослободување на Југославија (АВНОЈ), на кое е донесена историска одлука за федерално здружување и на тој начин е поставен темелот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Со одлуката усвоена во Јајце формирани се државни органи на новата Југославија.

dan-maldosti-2

На Второто заседание на АВНОЈ одлучено е новата Југославија да се гради на демократски принцип, како државна заедница на рамноправни народи и народности, а генералниот секретар на Комунистичката партија на Југославија и врховниот командант на Народно ослободителната војска, Јосип Броз Тито, е прогласен за маршал на Југославија.

Денот на републиката се прославуваше два дена, со свечена академија во главните градови на сите републики.

Коментари

Популарно