Ова е македончето кое ги навреди Македонците

Немам навика да реагирам на напишан текст од новинар или што и да е, затоа што и без мое дообјаснување народот разбира која е поентата и целта на авторот, но денеска ќе го прекршам тоа правило. Испровоциран од лик кој со години работи како новинар (најверојано има и диплома) кој ги навреди сите кои не се негови истомисленици и дрско им порача дека не се народ.

timthumb

Ок, за да нема забуни и нагаѓање, овој текс му го посветувам на Бранко Героски и неговата колумна „Ние сме политички лешеви што треба да воскреснат пред Велигден!“. Моето мислење за Героски е неважно, ќе кажам само дека освен за него ваков текст сум и посветил само на Дунавка. Тука се негде кај мене у тефтер. Сеа за текстот...

„Колегава“ вчера напишал текст за екс вработените во ОХИС, кои веќе еден месец си ги бараат неисплатените плати пред Влада . Поентата која сакал да ја долови долгогодишниот новинар е дека Охисовци се фини ама не се луѓе, т.е. не се народ. Тоа било така затоа што рекле дека нив не ги интересира која Влада ќе им ги исплати парите. Им најде за грев што се изјасниле дека им е сеедно кој е на власт, па им порача дека не се народ! Според Героски, за да некој да се нарече народ мора да има „способност да конституирате заедничка, народна волја“, а пак народната воља се конструира со политички феномен! Како и зошто не е народна воља да не те интересира кој е на власт, Бранко не објаснил. Зарем сите кои не гласаат на избори не се народ? На последните избори во Македонија речиси 40% од граѓаните не изглегле на избори! И тие ли не се народ? А што се, ако не се народ? Лешеви?

Човеков, освен што навредувал во колумната, покажал и елемантарно непознавање на темата Охис. Како и секогаш ја нападнал оваа Влада за сегашната ситуација во загубарот, но намерно заборавил дека дел од парите кои охисовци ги бараат се задолжени од времето на СДСМ. Заборавил дека ГЕС Гостивар (дел од ОХИС) е уништен во времето на СДСМ. Заборавил кога е затворен Хемтекс. Заборавил тој се што не му одговарало и плукал по оние кои стигнаа на улица да си го бараат своето. Од топла канцеларија, седејќи на компјутер, Героски пукал по Македонците кои мрзнат на улица. За себе ќе рече дека неоправдано е обвинет дека е на платен список на СДСМ и Сорос, но тој смее да нападне и навреди! Па уште ќе напише: „немојте да ни попувате дека сте народ и дека било сеедно кој е на власт“. И јас сега сакам тебе да те замолам нешто. Следен пат (утре) кога овие сироти луѓе ќе бидат пред Влада, излези пред нив и кажи им дека не се народ. Оди пред нив и гледај ги во очи кога им порачуваш да не ти попуваат тебе, големиот интелектуалец. Провери ја својата теза дека популарност се проверува на улица и дознај го резултатот. Пробај пред нив, цитирај го Бранко Црвенковски и кажи им дека тоа се однесувало на нив. Зборувај им на овие сироти луѓе како секој што ќе застане на нивна страна е платен „владин“ новинар.

И пред овој текст јасна е твојата определба да ги навредиш сите оние кои не се твои истомисленици. Секој твој наслов јасно укажува на тоа.

Untitled

Мене не ми е гајле дали Сорос навистина те плаќа и дали си дел од тимот на СДСМ. Не ми е грижа дали си партиски определен или не. Ама воопшто не ми е грижа за тебе. Но, се грижам за оние чичковци и тетки во години кои си го бараат своето и нема да преќутам кога некој се обидува да ги навреди со цел да ги придобие нив или да заработи додатен аплауз кај својата публика. Доста е од новинари-кловнови, кои се палат на секој плесок на рацете, па спремни се да жртвуваат се за само еден бис. Посебно кога она што го жртвуваат и газат, не е нивно!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно