Сончев ден со висока температура за овој дел од годината

E891B9F4-B71D-4212-85E1-33E8839BBAD6_w640_r1_s_cx0_cy84_cw0Денеска е вторник, 1 декември 2015 година, 335-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 30 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 40 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути.

Денов трае 9 часа и 23 минути.

Месечината, која е во фаза на полна месечина, ќе изгрее во 21 часот и 50 минути, а ќе зајде во 10 часот и 55 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, долж Повардарјето ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, додека во западните делови умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе искачи до 13 степени.

Ваквото време ќе се задржи и во наредните денови. Ќе преовладува стабилно и суво време со релативно високи измерени дневни температури коишто се очекува да бидат највисоки кон средината на неделата и да се движат помеѓу 12 и 18 степени.

Во четврток ќе има и услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Коментари

Популарно