Денеска потопло, но од утре силен ветер, дожд и снег

sontse-vo-zima1

Денеска е вторник, 9 февруари 2016 година, 40-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 326 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 39 минути, а ќе зајде во 16 часот и 57 минути.

Денов трае 10 часа и 18 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 18 часот и 12 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло, а во источните делови со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од 10 до 22 степена.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во среда попладне под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат позастапени во западните делови од земјава каде на планините ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч.

Преодно стабилизирање се очекува во четврток, а од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и умерен јужен ветер.

Коментари

Популарно