Изненадување: Заев гостин на вестите на Сител во 19 часот!

„По многу години вечерва сум во Дневникот на режимската телевизија Сител, од 19 часот“, напиша Заев на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

336313-man-porakata-od-vashington-e-realno-predupreduvanje-do-zoran-zaev

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот ФБ профил напиша дека по многу години конечно ќе гостува во вестите на телевизија Сител во 19 часот.

Во дуелот што Заев го имаше со Богатинова остана запаметено дека лидерот на СДСМ гостувал на таа телевизија по нечија наредба. За вечерашното гостување уште не се знае дали имало нечија наредба, но познато е дека Сител преку вестите неколку пати јавно го повикуваше Заев да дојде во студиото. Најверојатно домаќин на Зaев ќе му биде уредникот Драган Павловиќ Латас, освен ако самиот Латас не одлучи поинаку, па да остави разговорот да го води некој од другите уредници.

Коментари

Популарно