Еве каде се наоѓа најдолгата жичарница во светот

Во Виетнам вчера свечено беше отворена најдолгата жичарница во светот, која се простира на 6,3 километри. Таа има вкупна должина од 6.292,5 метри и е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најдолга жичарница на три кабли, но и со највисока надморска височина меѓу станицата за поаѓање и пристигање, 1.410 метри.

zzz

Системот ја поврзува долината Муонг Хоа и планината Фансипат во провинцијата Лао Чаи, околу 250 км северозападно од главниот град Ханој. Жичарницата за еден час може да превезе две илјади патници, а секоја од кабините може да смести 35 лица. Од долината до планината патувањето трае 15 минути, а изградбата на жичарницата почна во ноември 2013 година.

Коментари

Популарно