Харди со својот талент заработи номинација за филмот "Повратник". Тој не го доби, но ако постоеше мерило за сексапил на црвениот тепих, тогаш не би имал достојна конкуренција.
Том Харди на Оскарите дојде со неговата прекрасна сопруга Шарлот Рајли (34).
Британскиот актер лесно варира од силеџија до нежен софистициран херој, а својот класичен смокинг го надополни со пилот очила, добар часовник и синџирче кое му висеше надвор од џебот.
Полн погодок!Сопругата на Харди, Шарлот, се одлучила за гламурозен стајлинг на Холивудската дива и беше идеален партнер за нејзиниот прекрасен маж.