Проклетството на српската естрада: Убиства, самоубиства - трагедиите се нижат!

естрада1

Овој викенд регионот го потресе веста за смртта на српската пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ. 33-годишната мајка на петгодишно детенце беше брутално убиена, а засега не се знае ниту напаѓачот, ниту пак мотивот за грозоморното убиство.

Јелена во саботата трчала со сопругот, по што останала да заврти уште еден круг, а тој го однел детето дома. Потоа и се изгуби секаква трага, а по 20 часови барање од страна на полциијата, полициските кучиња и пријателите и роднините, несреќната девојка беше пронајдена во канал во близина на мостото во Борча каде последен пат била видена. На местото на настанот полицијата ги пронајде и нејзините патики, шнола и многу траги крв.

Пејачката според досегашните анализи, се борела до последен здив со насилникот кој ја усмртил со тап предмет во главата.

За жал, овој случај кој засега не е разјаснет, не е единствен на српската естрада. Грозоморни убиства, самоубиста се нижат едно по друго.

естрада2Во 2010 година голема трагедија ја потресе јавноста кога одекна веста дека Филип Каписода, црногорскиот манекен, ја уби својата девојка, пејачката Ксенија Пајчин, поради љубомора.

Неколку месеци пред убиството, по кое манекенот си го одзеде животот, Ксенија и тој доживејаа и сообраќајка, кога излетаа од пат, но за среќа поминаа без повреди.

Тие двајца имаа бурна врска, постојано раскинуваа и се смируваа, а причината беше љубомората на манекенот. Таа пред смртта барала помош од пријателките како да го смири Филип.

Таа беше убиена во нејзиниот стан, а телата беа пронајдени околу 19 часот на 16 март. Тој пукал во неа, па самиот си пресудил.

естрада3

Исто така, еден од крвавите настани кои ја потресоа јавноста беше и убиството на манекенката Владискава Червенко во Нови Сад. Судот во Нови Сад го осуди 26-годишниот, Даријан Мусиќ на 35 години затвор, поради убиството на манекенката, на 12 ноември 2012 година. Безживотното тело на девојката беше пронајдено на подот од спалната соба, во станот каде што живеела.

По бруталното убиство, Мусиќ побегна од Нови Сад, но само неколку дена подоцна беше уапсен на подрачјето на Нови Пазар.

И ова убиство се случи поради љубомора.

Коментари

Популарно