Дали денеска ќе видиме сонце или повторно ќе врне?

дожд

Денеска е среда, 4 мај 2016 година, 125-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 241 ден.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 26 минути, а ќе зајде во 19 часот и 35 минути.

Денов трае 14 часа и 9 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 4 минути, а ќе зајде во 16 часот и 46 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, почест во западните и северните делови. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Преку денот ќе дува умерен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе биде повремено со посилен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје претпладне претежно облачно со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали и ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до околу осум, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, повремено со сончеви периоди, а во попладневните часови со локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Коментари

Популарно