Денеска, па се до сабота слаб дожд

cloudy-weather-at-pavna-dam-lonavala-770x470

Денеска е четврток, 5 мај 2016 година, 126-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 240 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 36 минути.

Денов трае 14 часа и 11 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 41 минута, а ќе зајде во 18 часот и 1 минута.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Локално ќе има услови за слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје умерено облачно со умерен на моменти засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти околу седум, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во наредните денови времето ќе биде посончево и потопло. Во попладневните часови со локален дожд и со услови за ретка појава на грмежи. Најнестабилно ќе биде во сабота кога на повеќе места се очекува пороен дожд со грмежи.

Коментари

Популарно