Нова ВИП ЗАЕДНИЦА на Македонскиот пазар

Кога зборуваат бесплатно, корисниците зборуваат со многу повеќе членови на големата Vip заедница

20160511-od-denes-nova-vip-zaednica-na-makedonskiot-pazar-m

- Телекомуникацискиот оператор оне. Вип објави дека од денес корисниците на поранешните брендови Вип, Оне и Близу, стануваат една голема заедница под брендот Вип. По спојувањето во октомври 2015 година, кога беше формирана компанијата оне.Вип и по припојувањето на Близу кон оне.Вип минатата недела, компанијата денес објави повеќе новини и придобивки за корисниците. Почнувајќи од денес, Вип станува навистина конвергентен бренд, преку кој на корисниците им се нуди широка лепеза на квалитетни комуникациски услуги по најоптимални пазарни цени, најдобро корисничко искуство на сите кориснички места, исполнувајќи го ветувањето Повеќе за вас.

Најголемата придобивка за корисниците кои се дел од големата Вип заедница е тоа што од денес сите минути кои корисниците ги имаат во своите тарифи за разговори во рамки на мрежата ќе можат да ги користат за разговори кон многу поголема заедница. Бесплатните разговори кои до сега корисниците на мобилните мрежи ги користеа во рамки на само Вип или ОНЕ мобилните тарифи, сега ќе можат да ги користат во рамки на големата Вип заедница од над 1,1 милион мобилни корисници. Во рамки на фиксните мрежи пак, бесплатните фиксни минути можат да се користат кон сите корисници на ОНЕ, Вип или Близу тарифните модели. При тоа, корисниците нема потреба да ја променуваат својата СИМ картичка, тие ги добиваат овие поволности со нивните постојни договори и тарифи.

- Денес ги обединуваме нашите брендови и нашите корисници, денес сите сме Вип и кога зборуваме бесплатно, зборуваме со многу повеќе корисници од големата Вип заедница. Ги прошируваме придобивките на нашите корисници, ги обединуваме нашите места за контакт со корисниците и го унифицираме искуството на сите наши корисници и грижата за нив на наjвисоко ниво. Вип сега им нуди многу повеќе на своите корисници и за македонскиот пазар во целина. Наскоро корисниците може да очекуваат уште повеќе понуди и нови услуги од Вип, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.

20160511-od-denes-nova-vip-zaednica-na-makedonskiot-pazar-1

Исто така, од денес за корисниците е достапно и ново единствено тарифно портфолио во мобилната телефонија. Од денес за сите нови корисници и оние кои сакаат да го обноват својот договор достапни се 4 нови Vip Mobile тарифи S,M, L и XL, кои соодветствуваат на побарувањата на корисниците. Така, за корисниците кои имаат потреба од зголемен податочен сообраќај во рамки на Vip mobile L и XL, покрај неограничениот број минути и СМС пораки кон сите мрежи, во рамки на месечната претплата од 749 денари, односно 1299 денари, вклучени се и 3GB, односно 6GB брз 4Г интернет, соодветно на пакетот. За корисниците, се достапни и Vip Mobile S, каде за месечна претплата од 449 денари, корисниците добиваат неограничени разговори кон големата Вип заедница од над 1,1 милион корисници, вклучени минути кон сите мрежи и 4Г интернет и Vip Mobile М со месечна претплата од 549 денари со повеќе минути кон сите мрежи и 4Г интернет. Во сите тарифни модели има вклучено 4Г ЛТЕ сообраќај, по завршувањето на вклучениот интернет корисниците можат да продолжат да користат 4Г ЛТЕ по цена од 39 денари за 200 MB. Деталите за новите тарифи се дадени во табелата подолу:

20160511-od-denes-nova-vip-zaednica-na-makedonskiot-pazar-2

Коментари

Популарно