КОНЕЧНО: Лино Червар е новиот селектор на Македоснскта репрезентација!

По два неуспешни обиди, конешно во третиотРФМ успеа да се договори со хрватскиот стратег Лино Червар за столчето на ракометниот национален тим.

Untitled

Тоа што подолг период се претпоставуваше, тоа и се оствари. Червар уште од самиот старт на конкурсот беше фаворит за селекторското место на Македонија, а челните лица на федерацијата го избраа тренерот на Металург пред Швеѓанецот Роберт Хедин, Србинот Александар Брковиќ и поранешниот селектор на женската репрезентација на Македонија, Владимир Глигоров. Моментално Червар е во родната Хрватска, но се очекува во текот на оваа недела да се врати во Скопје и со прес-конференција да се официјализира неговата промоција.

Претходно, тренерот на Металург имаше два неуспешни обиди со ракометната федерација за негово промовирање на селекторското столче, па наместо него најпрво беше избран Звонко Шундовски, а потоа и Ивица Обрван.

Коментари

Популарно