Анчелоти: Роналдо беше толку дисциплиниран, што се тушираше во три наутро доколку Ирина го чекаше дома

ancelot-624x380

Идниот тренер на Баерн Минхен и поранешниот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за англиските медиуми за професионалниот менталитет на Кристијано Роналдо. Според Италијанецот, Роналдо е над сите фудбалери што досега ги тренирал, кога се работи за професионалноста и дисциплината.

kristijano-ronaldo

„Кристијано Роналдо е најпрофесионалниот фудбалер, кој некогаш сум го тренирал. Тој беше толку дисциплиниран, што секогаш ја ставаше својата кариера, пред моделите и убавите девојки. Се сеќавам дека еднаш Кристијано се тушираше со мраз на Валдебебас во три наутро, бидејќи Ирина го чекаше дома. Тој никогаш не се грижеше за пари, секогаш сакаше да биде прв“, изјави италијанскиот тренер, кој од следната сезона ќе го замени Гвардиола на тренерското место во Баерн Минхен.

Италијанецот беше дел од клубот од Мадрид од 2013 до 2015 година, а со екипата ја освои и долго очекуваната титула во ЛШ, „Ла Децима“.

Коментари

Популарно