ЦЕЦА ДО ХЕЈТЕРИТЕ: На Анастасија не и треба подарок, имам предлог за ВАС!

ceca-anastasija-foto2_wide

Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија, јавно проговорија за сите планови за гала прославата, но и за Фејсбук групата која се шегува на сметка на подароците за роденденот на Анастасија. Цеца најнапред откри дека нејзината ќерка не бара премногу.

"Не бара многу, Анастасија е скромна девојка".

Фејсбук групата "Купување подарок за роденденот на Анастасија" направи вистински БУМ и собра дури 185.000 луѓе, а Цеца се огласи во однос на тоа прашање.

"Па кој уште се занимава со луѓе кои немаат што да прават па куцаат зад своите лаптопи. Јас никогаш не сум се занимавала ниту со коментарите, ниту со социјалните мрежи. Кога би гледале така, Новак никогаш не би требало да излезе пред публика, би излегло дека го мрзи цел свет, јас никогаш не би требала да закажам ниту еден концерт, би излегло дека ме мрзи цел свет. На луѓето не можеш да им погодиш. Многу деца слават родендени, многу деца, слават многу полуксузно па никому ништо", рече Цеца, а потоа додава и еден предлог за сите луѓе во групата...

ceca-anastasija-foto

"Веројатно е интересно штом толку многу се пишува за тоа. Под број два, кога беше за Србија и Унеско едвај собраа 40.000 луѓе на Фејсбук страната. Кога има некоја хуманитарна акција не можеме да се собереме 5.000 луѓе. Овде имаме 185.000 луѓе. Ете, некоја шега без врска. Јас имам предлог за сите тие 185.000. Сите по едно евро и да му уплатиме на некое болно дете лекување. Од тие подароци што тие фантазираат дека и требаат на Анастасија, не треба ништо, ете сите нека дадат по едно евро. Јас ќе се приклучам кон групата исто и ќе дадам многу повеќе па да направиме добро дело."

Коментари

Популарно