СКРОМНО: Премиерот купи половен автомобил за 2.000 евра

Одличен маркетиншки потег на премирот.

Dejvid-Kameron2

Кога сопственик на компанија за продажба на половни возила од Оскфордшир примил телефонски повик од службата за обезбедувањето на британскиот премиер Дејвид Камерон, мислел дека неговите пријатели одлучиле да се пошегуваат со него.

– Се претставија и ми рекоа дека премиерот е заинтересиран да купи половен автомобил од мојот плац. Ме замолија во петок да останам половина час подолго на работа, за да може премиерот лично да дојде и да го прегледа возилото кое го интересирало – изјавил продавачот Леин Харис за британски „Гардијан“.

Иако бил во дилема дали станува збор за шега или не, Леин се согласил и почекал да види дали Дејвид Камерон навистина ќе се појави.

На негово изненадување, британскиот премиер навистина пристигнал во договореното време во придружба на обезбедувањето.

– Го разгледуваше автомобилот како било кој друг купувач кој не е премногу упатен во механиката, и одлучи да го земе. Претпоставувам дека огласот за автомобилот „Микра“ го видел на интернет и дека му се допаднала со оглед на тоа што станува збор за економичен мал автомобил со пет врати кој е направен во Британија – опишал Харис како изгледала посетата на британскиот премиер.

nissan_micra_5-door_k12c_2007-07_20101.jpg.media

Камерон потоа ветил дека ќе дојде следниот ден за да го плати автомобилот, а тоа и го направил.

– Не му дадов попуст, тој ја плати целата цена од 1.295 фунти (околу 2.000 евра), а не доби некој посебен третман. Разговорав со него како со било кој друг муштерија – објаснува Харис.

– Меѓутоа, да сакал да купи некој автомобил вреден 20.000 фунти тогаш би било друга приказна – изјавил Харис.

Тој тврди дека автомобилиот кој му го продал на премиерот бил во одлична состојба, иако поминал 150.000 километри, и дека Камерон го купил за својата сопруга Саманта.

Коментари

Популарно